fbpx

Умре на 86 години, остави јасна порака: Ова се тајните на долговечноста!

Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов, кој почина на 86 години, постхумно беше одликуван со државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.

Македонскиот невропсихијатар-епилептолог, проф. д-р Методи Чепреганов, прегледуваше пациенти до последен здив. Неполна година пред да почине откри дека максимално е посветен на пишувањето.

Освен по виталноста, беше препознатлив и по својот позитивен пристап кон животот.

Тајната за договечноста ја поврзуваше со генетиката како основа на сé.

„Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба“, нагласи професорот во едно интервју.

Фото: Принтскрин/Телма

Следни Објави

Фановите во шок: Почивај во мир Роберт, прерано си замина

На 33-годишна возраст почина актерот Роберт Кормијер. Фановите не можат да се помират со смртта на ѕвездата од канадската серија Heartland. „Почивај во мир Роберт, прерано си замина“, напишаа тие на социјалните мрежи. Кормијер починал во петокот во болница, откако претходно бил хоспитализиран со тешки повреди здобиени при пад, откри […]