fbpx

По три спонтани абортуси го прашав Бог: Зошто? Потресна исповед на познатата пејачка

Славната американска пејачка Кери Андервуд имала дури три спонтани абортуси во само две години. Омилената кантри-ѕвезда неодамна си ја отвори душата во интервју за Би-Би-Си, нагласувајќи дека се плашела оти ќе доживее и четврт неуспех.

Во тоа време била силно повредена и лута за сè што ѝ се случувало во животот, за целиот пекол низ кој морала да пројде.

„Плачев и се прашував зошто останував бремена ако не можам да имам дете. Му се лутев на Бог, го прашував-Зошто? Или нека ми дозволи да имам дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше првпат кога искрено му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во саботата, а во понеделник отидов на лекар, очекувајќи дека повторно ќе ми кажат како сум имала спонтан абортус. Но, сѐ беше во ред“, се присети пејачката на траумите.

Кери во тие моменти размислувала и за посвојување. Иако повеќето фанови ја пофалиле нејзината намера, сепак имало и такви кои ја осудувале.

„Сѐ уште можеш да имаш биолошки деца. Не си стара, не е доцна, туку таман“, ја критикувале одредени луѓе.

Кери сега е во хармоничен брак со Мајк Фишер со кого има два сина.

Фото: Социјални мрежи

Следни Објави

Ваква жена-монструм Македонија не памети: Свирепо убиство, една работа ги шокира сите

Крвава љубовна драма, лишена е од слобода 51-годишна кавадарчанка Полициски службеници од СВР Велес-ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности ја лишиле од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело […]