fbpx

Светот во шок по смртта на легендарниот рапер: Една порака ги расплака сите, се огласи актерката Мишел Фајфер

Артис Леон Ајви Џуниор, музичарот кој се прослави под уметничкото име Кулио, е пронајден мртов во домот на негов пријател.

Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер, но не ја откри причината за смртта. Неофицијално, на телото не се пронајдени траги од насилство и најверојатно станува збор за срцев удар.

Кулио се прослави на средината на деведесеттите со нумерата Gangsta’s Paradise за која беше награден и со „греми“. Песната која на почетокот од годинава достигна една милијарда прегледи на „јутјуб“ беше создадена како саундтрак за филмот Dangerous minds со Мишел Фајфер.

Токму легендарната актерка се прости од него со трогателна порака.

„Срцето ми се скрши кога слушнав за смртта на талентираниот уметник Кулио. Животот е прекраток. Како што некои од вас можеби знаат, имав доволно среќа да работам со него на филмот Dangerous minds од 1995 година. Се сеќавам дека беше полн со добрина. Триесет години подоцна се’ уште се наежувам кога ќе ја слушнам песната. Испраќам љубов и светлина до неговото семејство. Почивај во мир, добар човеку“, напиша холивудската глумица на „Инстаграм“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ваква жена-монструм Македонија не памети: Свирепо убиство, една работа ги шокира сите

Крвава љубовна драма, лишена е од слобода 51-годишна кавадарчанка Полициски службеници од СВР Велес-ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности ја лишиле од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело […]