fbpx

Разведена, во слободно време аргатка: Ова е жената од Кавадарци која свирепо го уби партнерот

Не стивнуваат реакциите во јавноста, откако Министерството за внатрешни работи објави детали од свирепото убиство во Кавадарци.

Лишена е од слобода 51-годишната М.Б. која на шести септември годинава на својот партнер И.М. (70) во неговиот дом прво со остар предмет му нанела повреди, а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото на злосторството.

„Фокус“ денеска објави нови детали за жената-монструм како што веќе ја нарекоа медиумите, а која веќе го признала, но и го појаснила делото.

Станува збор за работничка во една од кавадаречките фабрики, која во слободно време одела како аргатка по лозјата, разведена жена и мајка на две полнолетни деца, пишува „Фокус“.

М.Б. никогаш во минатото не била обвинета, ниту пак осудена за некое дело.

По убиството кое го вознемири градот, таа воопшто не покажувала било какви промени во однесувањето. Продолжила да оди на лозјата како аргатка, се однесувала како ништо да не се случило, ладнокрвно си продолжила со животот.

За убиениот пак, кавадарчани кои го познавале раскажуваат дека целиот живот работел и бил имотен. Живеел сам, откако син му починал, а ќерката и сопругата со која се развел се преселиле во друг град.

Следни Објави

Спиј, ќе те сакам засекогаш: Маријана со потресни зборови за починатата Ана

Во октомври се навршува една година откако ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на поранешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора, Бранко Булатовиќ. Бројни познати личности лани се простија од неа. Емотивна посвета на социјалните мрежи тогаш сподели и актерката и водителка на шоуто „Пинкови ѕвездички“, Маријана […]