fbpx

Спиј, ќе те сакам засекогаш: Маријана со потресни зборови за починатата Ана

Во октомври се навршува една година откако ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на поранешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора, Бранко Булатовиќ.

Бројни познати личности лани се простија од неа. Емотивна посвета на социјалните мрежи тогаш сподели и актерката и водителка на шоуто „Пинкови ѕвездички“, Маријана Мичиќ.

„Анчи моја. Спиј. Те гушкам, те бакнувам, ќе те сакам засекогаш“, напиша таа објавувајќи нивна заедничка фотографија.

Маријана и Ана беа блиски другарки и нивното пријателство датира од основно.

Ана последните години работеше како шминкерка и често беше ангажирана за снимања на филмови и на серии.

Неофицијално, причината за смртта е срцев удар.

Нејзиниот татко Бранко Бата Булатовиќ беше убиен на 24 март 2004 година пред просториите на Фудбалскиот сојуз на Србија. Имаше 54 години. Случајот се’ уште не е расчистен.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Девојче (15) се самоуби без никому да се пожали: Кога родителите ѝ ги отвориле тетратките, занемеле од шок

Самоубиството на тинејџерката Миларај Катани сѐ уште е топ-тема во медиумите. Трагедијата со ова 15-годишно девојче од Пуерто Десеадо во Санта Круз се случи на 14 април минатата година, а семејството не можеше да пронајде објаснување нагласувајќи дека нивната ќерка никогаш им се немала пожалено за било какви проблеми. Дури […]