Зар некој може да те замени..
Со извадоци од книгата „Ова не е крај“, авторката и новинарка Соња Алексоска Неделковска, во една прилика се присети на Тоше, токму на годишнината од трагичниот настан во кој го загуби животот.
Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата во семејството Проески, за страбизмот на малиот Тоше и за лекувањето во Прилеп..
„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми: „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики“, откри неговата сестра Дора.
НА ИСТАТА ТЕМА:
Оваа жена Тоше ја сакаше најмногу: Долго ги чуваше нејзините пораки
Проески загина во сообраќајка на 16-ти октомври. И по 15 години од трагедијата, детали од неговиот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста. Една негова реченица која ја изговори непосредно пред смртта, остана врежана во нашите срца.
„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, им порача Тоше на обожавателите.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО