fbpx

Девојче (15) се самоуби без никому да се пожали: Кога родителите ѝ ги отвориле тетратките, занемеле од шок

Самоубиството на тинејџерката Миларај Катани сѐ уште е топ-тема во медиумите. Трагедијата со ова 15-годишно девојче од Пуерто Десеадо во Санта Круз се случи на 14 април минатата година, а семејството не можеше да пронајде објаснување нагласувајќи дека нивната ќерка никогаш им се немала пожалено за било какви проблеми.

Дури неодамна, откако ги прегледале личните работи на Катани, пронашле докази кои укажуваат дека оваа малолетничка била злоставувана пред околу две години.

Нејзината сестра е уверена дека траумите ја навеле на самоубиство и од обвинителството побара подетално да се истражи случајот.

„Ги проверивме нејзините тетратки, дневници и нотеси. И нејзините другари ни го раскажаа тоа што го знаат. Во мај 2019 година Миларај претрпела с*ксуално злоставување од страна на постара личност, човек кој имал способност да ја натера да поверува дека тие двајца се во врска и дека тоа што ѝ го прави е сосема во ред“, раскажа Ајелен Катани на прес-конференција.

Таа истакна дека нејзината сестра најверојтано била во таканаречен Стокхолмски синдром, односно во фаза кога жртвата се вљубува во силувачот.

Запрепастувачки е фактот што семејството не знаело за односот на Миларај со извесниот господин, за разлика од некои нејзини врсници.

„Не знам зошто премолчале за ова. Очигледно е дека децата имаат некои сопирачки кон возрасните и дека не им веруваат. Злоставувањето се случило во 2019 година и Миларај цело време се однесувала нормално. По пандемијата дознавме дека тој човек повторно се појавил во нејзиниот живот и дека по неколку дена откако повторно го видела, се самоубила“, уверена е нејзината сестра.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Големиот хит на Здравко Чолиќ крие трагична судбина на една девојка, приказната никого не остава рамнодушен

Вистинска и многу трагична животна приказна се крие позади големиот хит на Здравко Чолиќ од седумдесеттите, песната „Она спава“. Легендарниот пејач овој рефрен го отпеа во спомен на младата Милица Костиќ од Крушевац која почина 1974 година, а чија смрт го потресе целиот регион и предизвика низа контроверзии. Ниту денеска […]