Тинејџерка не ја примиле во амбуланта, бидејќи не забележале дека е бремена
Случајот со предвреме роденото бебе во Бразил кое е прогласено за мртво го шокираше светот. Тамошните лекари новороденчето го прогласиле за починато и го повикале погребникот додека тоа со часови лежело во мртовечницата, но тој воочил дека бебето диши и се покажало дека се’ уште е живо, пишуваат локалните медиуми.
Бебето, кое го добило името Аугустус, го родила 18-годишна девојка во местото Арикуемес откако побарала медицинска помош поради силни болки и крварење.
Тинејџерката не ја примиле во амбуланта, бидејќи не забележале дека е бремена, а подоцна, без ничија помош, родила бебе тешко само 900 грама.
Детето родено во седмиот месец од бременоста лекарите го прогласиле за мртво и го повикале погребникот да го однесе телото.
Сепак, патологот во текот на процедурата забележал дека срцето на бебето чука и веднаш го вратило во болницата каде било сместено. По овој бизарен настан, бебето било во стабилна состојба и добро реагирало на терапијата.
Бабата на новороденчето на медиумите им изјавила дека е огорчена оти лекарите не се потрудиле на детето да му го спасат животот. Полицијата и другите надлежни органи отвориле истрага за инцидентот, а од болницата и понатаму тврдат дека бебето било мртво кога стигнало кај нив.
„За мене ова е чудо. Ја слушнав докторката како зборува и таа многу јасно рече дека ова бебе е мртво. Од погребалното претпријатие дојдоа по него и беше мртво. Некако, тоа отчукување на срцето се вратило“, изјавил портпаролот на болницата.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.