fbpx

Насмеј ги ангелите, Јулче: Тажен ден во Македонија, познатите се простуваат

По кратко боледување на 61-годишна возраст почина актерката Јулијана Стефанова.

„На сцената беше дива, а зад неа голем другар“, напишаа нејзините колеги од Битолскиот театар каде што го помина целиот свој работен век.

Блиски пријатели и соработници со трогателни посвети се простуваат од неа на социјалните мрежи.

„Јуле, љубов моја битолска, што стори.. Јуле беше лик што беше обврзно да ја познавате.. Каков лик, харизматична актерка и голем другар.. Со неа никогаш не бев тажна. Насмеј ги ангелите, Јулче“, напиша на „Фејсбук“ актерката Весна Петрушевска.

И нејзиниот колега Петар Горко ѝ посвети статус.

„Јуце моја најдрага, ти посакувам царство небесно. Не можам да опишам колку ќе ми недостигаш“, напиша тој.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресно! Тешка сообраќајка се случи, се огласи македонскиот пејач

Докажаниот македонски интерпретатор Ѓоко Ѓорчев денеска се присети на огромна трагедија која се случи пред точно 33 години. Македонскиот Том Џонс, како што го нарекуваат пријателите, раскажа потресна приказна која ги вознемири неговите следбеници на социјалните мрежи. „На овој ден пред 33 години, во тешка сообраќајна несреќа во центарот на […]