fbpx

Се сеќавате ли на оваа убавица? Доживеа голема трагедија, вака изгледа денес (ФОТО)

Актерката Жаклин Бракамонтес ја освои македонската публика со улогата во мексиканската сапуница „Руби“.

Ја глумеше Марибел, добра девојка која на најдобрата другарка ќе ѝ го преземе момчето.

Со нејзината убавина беа опседнати сите на Балканот, а иако поминаа речиси две децении од емитувањето на серијата, Жаклин како воопшто да не се променила.

Многу млада влегла во светот на шоубизнисот. Била тинејџерка кога победила на изборот „Мис Мексико“, пред да им се посвети на теленовелите во 2003 година.

Најмногу се прослави во „Руби“, но играше и во други хит-серии како „Скршено срце“ и „Грдата Бети“.

Бракамонтес денес е мажена жена и мајка на дури пет деца. Мајчинството дефинитивно ја промени по семејната трагедија. Кога останала бремена со близнаци, едното бебе починало поради компликација со дишните органи.

„Таа траума нема никогаш да ја заборавам, но имам прекрасни деца за кои всушност и живеам“, порача во едно интервју.

Фото: Јутјуб Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Вака се сака свекрва: Македонската професорка со трогателна посвета се прости од неа

Македонската универзитетска професорка, писателка и политичарка Рената Дескоска сподели тажна вест на социјалните мрежи. Таа со трогателна посвета се прости од својата сакана свекрва, а нејзините бројни следбеници денеска цел ден ѝ изразуваат сочуство на „Фејсбук“. „Беше силна, храбра, мудра, енергична, решителна жена. Беше вистински столб на семејството, секогаш организирана, спремна да […]