fbpx

Вака се сака свекрва: Македонската професорка со трогателна посвета се прости од неа

Македонската универзитетска професорка, писателка и политичарка Рената Дескоска сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Таа со трогателна посвета се прости од својата сакана свекрва, а нејзините бројни следбеници денеска цел ден ѝ изразуваат сочуство на „Фејсбук“.

„Беше силна, храбра, мудра, енергична, решителна жена. Беше вистински столб на семејството, секогаш организирана, спремна да помогне, да утеши, да охрабри, да посоветува. Работниот век го помина како јавен обвинител во Основното и Вишото обвинителство во Скопје. Учевме од неа животни мудрости, но учевме и право.

За жал, мојата свекрва Соња Манчева Дескоска го напушти овој свет. Посмртните останки ќе бидат погребани утре на 5.10.2022 (среда) на градските гробишта Бутел во Скопје. Телото ќе биде изложено во капела од 11-12 часот. Нека почива во мир!“, напиша таа.

Фото: Фејсбук-профил на Рената Дескоска

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Страшно! Од станот на Марко (35) кој ја уби ќерката (2) соседите често го слушале ОВА!

Марко Б. (35) од Вршац неодамна ја задави својата двегодишна ќерка, а потоа се обеси. Злосторството го најави по СМС-порака која ѝ ја прати на сопругата која веќе имала поднесено документи за развод. Соседите беа во шок. Прво раскажаа дека бил културно и добро момче, но подоцна како да се […]