fbpx

Беше најпосакувана жена во Југославија: Побегна од војната, па се омажи за политичар (ФОТО)

Во осумдесеттите години на минатиот век, југословенската кинематографија беше незамислива без атрактивната актерка Татјана Тања Пујин.

Уште со нејзиното прво појавување на големото платно предизвика огромно внимание, но сепак и покрај популарноста која ја уживаше, одлучи да се повлече од јавниот живот.

Публиката најмногу ја памети во филмот „Сулуде године“ (трет дел од серијалот „Жикина династија“) каде глумеше медицинска сестра.

Во тој период мажите ѝ се восхитуваа, имаше многу додворувачи на овие простори, но љубовта ја пронајде во странец.

По почнувањето на војната, таа замина за Италија каде се омажи за Џулијано Червини, тогашен советник во прес-службата на италијанскиот претседател. Сепак, бракот не им потраја долго. Тања се врати во Србија, но на изненадување на сите, во 2013 година повторно му кажа „ДА“ на истиот човек.

Освен во „Сулуде године“, Тања се појави и во хит-филмовите „Хајде да се волимо“ и „Шпијун на штиклама“, а многумина се сеќаваат на неа и по епизодната улога во култната серија „Подобар живот“.

Претходните години Татјана често гостуваше на РТС, а во една прилика откри дека работи во италијанскиот национален сервис РАИ 2 како хонорарен новинар.

Фото: Јутјуб Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мачка на сопственичката ѝ застанала на гради во четири наутро: Се шокирала кога сфатила што се случува (ФОТО)

Били е мачорот која во Англија стана херој, откако на својата сопственичка ѝ го спасил животот Сем Фелстед од Нотингем спиела кога нејзиното седумгодишно милениче во четири часот наутро ѝ срипало на гради. Таа се шокирала кога доживеала необични симптоми кои укажувале на срцев удар. Сфатила дека од силна болка […]