fbpx

Трагедија! Почина Сара, на фановите не им е верно: Една работа ги шокира сите

Нејзината смрт ја вознемири спортската јавност

Сара Вестон, професионалната „кечерка“ позната под уметничкото име Сара Ли, почина на 30-годишна возраст, информираат американските медиуми.

Таа неодамна доби шанса да се натпреварува во најелитната организација WWE како победничка во реалното шоу Tough Enough.

„Конечно потпиша едногодишен договор вреден 250.000 долари, но судбината имала други планови-ненадејно почина“, коментираат од нејзиниот менаџмент.

Семејството е скршено од болка.

„Со огромна тага сакаме да споделиме дека нашата Сара замина кај Исус. Сите сме шокирани. Бараме да ја почитувате приватноста во овие исклучително тешки мигови за нас. Потребни ни се молитви, посебно на Кори и неговите деца“, напишаа нејзините најблиски.

Сара Вестон позади себе остави три деца. Најмладиот има само една година.

Се’ уште е непозната причината за смртта. Пред две недели Сара се пожалила на инфекција на синусот, но тоа сигурно не би можело до толку да се искомплицира и да предизвика трагичен исход, коментираат здравствени работници на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

За појадок смути, за вечера печено месо: Со ова мени Кејт Мидлтон слабее

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, е една од омилените, но и една од најозборуваните жени во британското кралско семејство. Јавноста го следи секој нејзин чекор, а благодарение на нејзиниот префинет вкус кога е облеката во прашање, таа со години важи и за модна икона. Луѓе од најблиското опкружување на сопругата […]