fbpx

Огромна тага! Почина Филип, имаше само 12 години

Потресни зборови од неговиот татко

Малиот Филип Ивановиќ од Смедерево, момчето кое го обедини регионот на социјалните мрежи со броеви за донации, ја загуби битката со опасната болест.

Трагичната вест ја соопшти таткото на дванаесетгодишното дете.

„Мојот сакан и храбар син го положи својот меч во битката со неизлечливата болест и замина меѓу ангелите. По речиси четири години победи и порази, кога ниту лекарите не веруваа во сите негови чуда, едноставно не можеше повеќе и замина на поубаво место. Ти си Фиќо, сонце на моето небо и знам дека со својата несебична љубов и насмевка одозгоре ќе не’ чуваш. Те сакам синко мој и едвај чекам да те видам повторно во Царството Небесно“, напиша тој.

Филип јуначки се бореше до последен здив. Пред четири години му беше дијагностициран синовијален сарком на мекото ткиво. Преживеа две операции и му беа отстранети 44 метастази. Сепак, болеста се врати и на крај не успеа да се спаси.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Страшно! Почина Марина, корекција на нос заврши трагично

Познатата бизнисменка и инфлуенсерка Марина Лебедева почина за време на операција на нос во етлитната руска клиника Артибот во Санкт Петербург. Со операција која чини над 4.000 евра, 31-годишната жена сакала да го модифицира носот кој ѝ бил комплекс поради неправилната форма. За време на зафатот нагло ѝ се покачила […]