fbpx

За појадок смути, за вечера печено месо: Со ова мени Кејт Мидлтон слабее

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, е една од омилените, но и една од најозборуваните жени во британското кралско семејство.

Јавноста го следи секој нејзин чекор, а благодарение на нејзиниот префинет вкус кога е облеката во прашање, таа со години важи и за модна икона.

Луѓе од најблиското опкружување на сопругата на британскиот престолонаследник велат дека таа е посветена семејна жена со практичен пристап кон работите.

Неодамна беше откриено и нејзиното мени од кое може да се заклучи дека е практична и кога станува збор за исхраната.

Што јаде секојдневно Кејт Мидлтон?

Појадок

Смути со спирулина, кељ, зелен чај, спанаќ, зелка, магдонос и боровница.

Ручек

Разновидни салати и сирова храна.

Вечера

Печено пилешко месо.

* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Огромна тага! Почина Филип, имаше само 12 години

Потресни зборови од неговиот татко Малиот Филип Ивановиќ од Смедерево, момчето кое го обедини регионот на социјалните мрежи со броеви за донации, ја загуби битката со опасната болест. Трагичната вест ја соопшти таткото на дванаесетгодишното дете. „Мојот сакан и храбар син го положи својот меч во битката со неизлечливата болест […]