fbpx

Страшно! Почина Марина, корекција на нос заврши трагично

Познатата бизнисменка и инфлуенсерка Марина Лебедева почина за време на операција на нос во етлитната руска клиника Артибот во Санкт Петербург.

Со операција која чини над 4.000 евра, 31-годишната жена сакала да го модифицира носот кој ѝ бил комплекс поради неправилната форма.

За време на зафатот нагло ѝ се покачила температурата. Откако вработените во клиниката сфатиле дека нешто не е во ред, веднаш ја контактирале брзата помош која пристигнала во рекорден рок, но и покрај сите напори на медицинскиот тим, Марина не преживеала.

„Докторите се шокирани. Ова се случува еднаш на милион операции“, е наведено во официјалниот извештај.

Причината за смртта никогаш не се дозна, но се претпоставува дека фатална била анестезијата.

Снимките од операционата сала ќе бидат искористени како доказен материја пред судските органи, откако веднаш било покренато обвинение против хирургот кој ја изведувал интервенцијата. Нему му се заканува затворска казна од шест години, пишува „Сан“.

Кога сопругот на Марина дознал за трагедијата, веднаш го прекинал службеното патување и ја презел грижата за нивниот малолетен син.

Фото: Инстаграм/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го гледавме во најпопуларната турска серија: Почина познатиот актер, колегите потресени (ВИДЕО)

Почина Исмаил Инчекара, ѕвездата од „Долина на волците“, една од најпопуларните телевизиски серии што се прикажуваа кај нас. Познатиот актер имаше 72 години, а причината за смртта најверојатно е срцев удар, пишуваат турските медиуми. „Имам прекрасни спомени со Исмаил. Не знам што да кажам. Беше предобар човек, вистинска радост за […]