fbpx

Го гледавме во најпопуларната турска серија: Почина познатиот актер, колегите потресени (ВИДЕО)

Почина Исмаил Инчекара, ѕвездата од „Долина на волците“, една од најпопуларните телевизиски серии што се прикажуваа кај нас.

Познатиот актер имаше 72 години, а причината за смртта најверојатно е срцев удар, пишуваат турските медиуми.

„Имам прекрасни спомени со Исмаил. Не знам што да кажам. Беше предобар човек, вистинска радост за луѓето во неговото опкружување. Беше пријател кој внесуваше боја во сечиј живот“, напиша на „Твитер“ неговиот колега, познатиот актер Зафер Алгоз.

Инчекара е роден 1950 година во Бурса. Дипломирал економија во Истанбул, но во студентските денови сфатил дека, сепак, уметноста е неговата посилна страна.

Долго време играл во театар пред да се прослави на големото платно и во турските серии кои уживаат голема популарност во целиот регион. Публиката секако најмногу го памети по улогата на Недим Импликчи во „Долина на волците“.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

На ист начин завел 24 жени: Младо момче ја откри тајната

Ако некој профитираше од пандемијата, тоа сигурно е ова 28-годишно момче Дерек Малоуни, водоинсталатер од Бостон, преку ноќ стана популарен откако неколку жени на социјалните мрежи споделија приказна за млад мајстор кој истовремено е и психолог и љубовник. Како вистински џентлмен, Дерек не сака да зборува за своите „подвизи“ вон […]