fbpx

На ист начин завел 24 жени: Младо момче ја откри тајната

Ако некој профитираше од пандемијата, тоа сигурно е ова 28-годишно момче

Дерек Малоуни, водоинсталатер од Бостон, преку ноќ стана популарен откако неколку жени на социјалните мрежи споделија приказна за млад мајстор кој истовремено е и психолог и љубовник.

Како вистински џентлмен, Дерек не сака да зборува за своите „подвизи“ вон работното место, но признава дека во текот на 2020 и на 2021 година бил интимен со доста жени кои истовремено биле и негови клиентки.

„И понатаму мојата основна цел е да бидам добар мајстор. Тоа што можеби за некои дами бев и нешто друго, ќе морате да ги прашате нив зошто е тоа така. Преживеавме тешки времиња. Сите бевме вознемирени, тажни, уплашени. Многу луѓе живеат сами, па пандемијата ги докусури. Многу мои клиентки ми ги раскажаа нивните приказни додека им работев по дома. Едноставно им требаше рамо за плачење“, раскажува тој.

Дерек тврди дека никогаш не го правел првиот чекор. По добро завршената работа, жените сами му нуделе пијалок и инсистирале што е можно подолго да остане кај нив.

„Неодамна брат ми ме потсети дека само лани сум завел 24 жени. Не ми се веруваше дека ги броел. Нему тоа му беше интересно. Ми зборуваше дека никој не профитирал повеќе од мене во време на пандемија. Ем имав полни раце работа, ем стекнав искуство со жените“, признава Дерек.

Извесна Британи на „Фејсбук“ го обајви следниот пост:

„Ако ви треба добар водоинсталатер кој истовремено е и привлечен и внимателен, повикајте го Дерек Малоуни“.

Дерек веднаш се огради од оваа објава бидејќи, како што вели, не сака да се рекламира на ваков „машки“ начин.

„Сега морам дополнително да се објаснувам дека не стојам позади тие приказни и дека едноставно така ме доживуваат задоволните муштерии“, завршува тој.

Фото: АБЦ7/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ѕвездата на „Гранд“ се самоуби: Страшни детали за неговата смрт, а сега се случи и ОВА!

Смртта на младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Момир Луковац, минатата година одекна во целиот регион. Жирито му предвидуваше блескава кариера поради одличните вокални способности, а беше омилен и меѓу колегите, па сите беа шокирани кога дознаа дека се самоубил пукајќи си во главата. Трагично загинатиот 24-годишен пејач уживаше […]