fbpx

Ѕвездата на „Гранд“ се самоуби: Страшни детали за неговата смрт, а сега се случи и ОВА!

Смртта на младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Момир Луковац, минатата година одекна во целиот регион.

Жирито му предвидуваше блескава кариера поради одличните вокални способности, а беше омилен и меѓу колегите, па сите беа шокирани кога дознаа дека се самоубил пукајќи си во главата.

Трагично загинатиот 24-годишен пејач уживаше огромна поддршка и од Јелена Карлеуша која во тоа време беше дел од жирито на „Гранд“.

„Имаш навистина убава насмевка. Се гледа дека си добра душа, духовит, опуштен.. Машки се избори со тремата. Првпат си овде, а како да не си“, му порача славната пејачка по премиерниот настап.

Крстиња Тодоровиќ, исто така натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ и блиска другарка на Луковац, откри што навистина се случувало пред трагичниот настан кој го потресе регионот.

„Никој не знае што го навело да си го одземе животот. Се јавив во брзата помош да проверам дали навистина тоа се случило и добив информација дека се застрелал со пиштол. Ми рекоа дека се самоубил во станот кадешто живееше со девојката“, раскажа Крстиња.

Таа сега им откри на медиумите дека во меѓувреме починала и неговата мајка која никако не успеала да се помири што нејзиниот син на таков начин го напушти овој свет.

Мајката на пејачот скршена од болка постојано ги изговарала истите зборови. „Сине мој, извини што не те разбиравме! Извини што не знаев што те мачи. Млад ми замина, што ќе правам сега без тебе?“, раскажуваат роднини кои ја среќавале на гробиштата во Црна Гора.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неверување по смртта на омилената Тања: Ребека ја соопшти тажната вест

Почина познатата универзитетска професорка Татјана Петрушевска. Со емотивен статус на социјалните мрежи, тажната вест ја соопшти познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески. „Драги пријатели, замина убавата моја пријателка Тања, Татјана Петрушевска. Царство Небесно убавице. Господ да ти прости. Многу ќе ми недостигаш, Тањче“, напиша Ребека на „Фејсбук“. Д-р […]