fbpx

Нова трагична вест во Македонија: Почина Атанасовски

Домашниот спорт загуби уште еден голем човек

Почина Славе Атанасовски-Чаве, првиот селектор на нашата ракометна репрезентација. Под негово водство, Македонија во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен меч во Романија.

Играчката кариера ја почна како голман во Партизан, но брзо беше прекомандуван во бек. Потоа премина во Графичар, клубот кој подоцна се трансформираше во Вардар. Беше дел и од Борец, Металург и Пролет.  

Како тренер, освен како селектор на Македонија, беше ангажиран и во велешки Борец, но и во скопски Вардар. Еден период работеше и во соседна Грција.

Беше и професор по физичко образование, а успешно се снајде и во угостителскиот бизнис.

Атанасовски беше роден 1945 година.

Следни Објави

Сузана со потресни зборови за убиената ќерка: Тагата и тишината се страшни

Сузана Будимировиќ, мајката на двегодишната Петра која татко ѝ Марко ја удави во кофа со вода пред да се обеси, ја откажа претходно најавената средба со медиумите во својот семеен дом во Вршац. Таа требаше да ја изнесе нејзината страна од приказната и детално да објасни што се’ се случувало […]