fbpx

Остави сопруга и три ќерки: Познатите Македонци се простуваат од омилениот скопски лик (ФОТО)

Тажна вест утрово се прошири на социјалните мрежи, уште еден живот прерано згасна

Почина Џеваир Јакупи, омилен скопски лик и еден од најпознатите бербери во градот.

Популарниот Џеки имаше само 38 години. Позади себе остави сопруга и три малолетни ќерки, а засега не е позната причината за смртта.

Јакупи се грижеше за изгледот на многу познати Македонци од политичката, спортската и од естрадната сцена.

Еден од неговите редовни муштерии беше и нашиот најпознат кошаркар Перо Антиќ.

Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на „Инстаграм“ објави и нивна заедничка фотографија.

„Почивај во мир, ќе ни недостигаш“, напиша Антиќ.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Денеска е голем празник: Една работа мора да направите, а ова не смеете ни случајно!

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Киријак. Тоа е време на сеќавање на свети Киријак, христијански светец и маченик од IV век, кој уште во текот на својот живот се сметал за столб на христијанството и модел на монашки доблести. Роден е во Коринт кон крајот на четвртиот […]