fbpx

Сузана со потресни зборови за убиената ќерка: Тагата и тишината се страшни

Сузана Будимировиќ, мајката на двегодишната Петра која татко ѝ Марко ја удави во кофа со вода пред да се обеси, ја откажа претходно најавената средба со медиумите во својот семеен дом во Вршац.

Таа требаше да ја изнесе нејзината страна од приказната и детално да објасни што се’ се случувало пред злосторството кое го вознемири целиот регион.

Од трагичната смрт на нејзината ќерка поминаа едвај десетина дена, па призна дека, сепак, се’ уште нема сили јавно да зборува за тоа.

„Поминувам низ најтешките денови во животот. Не можам да ви ја опишам празнината која ја чувствувам. Тагата и тишината кои ми го запоседнаа домот се страшни. Тешко е да се замисли овој мрак кој го чувствуваме поради нашиот ангел Петра“, напиша Сузана на својот фејсбук-профил.

Марко Б. (35) кој неодамна ја уби двегодишната ќерка, а потоа се обеси, злосторството го најавил по СМС-порака која ѝ ја пратил токму на Сузана која веќе имала поднесено документи за развод.

„Ќе го убијам детето, па потоа ќе се самоубијам“, наводно била содржината на пораката која ја добила сопругата.

„Марко не го познавав, но од станот во кој живееше неретко се слушаа пискотници, расправии, но и како ја тепа сопругата“, раскажа еден од соседите на Марко.

Тој веќе бил пријавуван за семејно насилство, но и покрај негодувањата на мајката, Центарот за социјална работа одредил таткото да може да го гледа детето.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мантилот на Ана кој секоја жена треба да го има: Безвременски модел со кој секоја комбинација изгледа скапо

Ана Ивановиќ своите модни избори редовно ги споделува на „Инстаграм“. Иако нејзиниот стил секогаш е во чекор со најновите трендови, во суштина е многу одмерен, префинет и женствен. Српската тенисерка ретко греши со облеката, а сега повторно воодушеви со елегантна комбинација која е идеална за сите деловни жени. Ана позира […]