fbpx

Македонија се откажа од „Евросонг“: Се јави директорот на МРТ, една работа ги шокира сите

Македонија нема да се натпреварува на „Евросонг“ наредната година во Ливерпул, потврдија од националниот сервис.

Причината за нашето повлекување од престижното музичко шоу со милионски аудиториум ја образложи првиот човек на МРТ, господинот Марјан Цветковски.

„Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја“, појаснува Цветковски за ММС.

Македонија дебитираше на „Евровизија“ во 1996 година со Калиопи, но не обезбеди учество во финалето. Најдобриот успех го постигна 2019 година со композицијата Proud на Тамара Тодевска-седмо место во целокупен пласман и прво место од гласовите на жирито.

Следни Објави

Тага! Почина познатата пејачка: Кристина, беше единствена!

Во Лугано, Швајцарија, на 70-годишна возраст почина легендарната италијанска интерпретаторка Кристина Мосер, објави Il Corriere del Ticino. Пејачката родена во Милано, кариерата ја започна уште во доцните седумдесетти, а се прослави по нејзиниот специфичен техно-поп израз. Кристина беше мажена за музичкиот продуцент и и изведувач Маурицио Арциери кој почина во […]