fbpx

Александар со важна порака до оние што ја бранат Софијанова: Ако ѝ мислат добро, најмногу ќе ѝ помогнеа ако..

Во однос на видеата со докторката-директорка сите нејзини пријатели, кои пробуваат да ја одбранат преку статуси на Фејсбук, најмногу ќе ѝ помогнеа ако ништо не напишеа за неа.

Тврдењата дека и во сред ноќ ѝ се јавувале за лечење на некое дете значат дека во Македонија таков третман ќе добијат тие што имаат врски. Што правеле тие што немале нејзин број? Тврдењата дека станувала од маса во кафана и одела во болница најдобро ќе беше да не се споделуваат, бидејќи провоцираат прашања – по пиење алкохол или сокче од морковче? Тврдењата дека нема друг стручен како неа значи дека сите други нејзини колеги се нестручни и неспособни, па таа мора на полноќ од дома или од кафана да оди во болница.

Како ли истите нејзини колеги се справуваат и со итни ситуации кога е на одмор во странство, или кога е болна или спречена да оди на работа поради други причини? Тоа што само таа имала специфична специјализација (тоа веројатно Вистиномер ќе провери факти и ќе го информира граѓанството дали е точно) отвора прашање – зошто не се стимулирани други да направат иста специјализација? Или се работи на градење култ?

Вистинските нејзини пријатели и сите што потпишувале за неа со две раце би требало, ако ѝ мислат добро, да ја посоветуваат да го докаже спротивното од изнесените тврдења, ако е невина. А, и како да се однесува и со новинари и во кризна ситуација. Реакцијата – заканите со тужба и оние дека зад неа стојат луѓе, покажува дека во темата нешто не е чисто. Ако немало фингирани дежурства, а со тоа и злоупотреба на положбата и на буџетот, тогаш зошто нервоза?

И зошто цел бран поддршки за стручноста, кога тоа не е темата?! Не е темата ни кој колкава плата заслужува. Темата е злоупотреба. Додека на една таква тема се одговара со: „ама зошто не оди таму, ама зошто не ги праша овие или оние, ама до неа ли дојде“, немојте да очекувате дека нешто во државата ќе се менува. А, и каде ќе е основата да се жалите што во државата нешто не ви чини? Може е некаде изгубена во оние статуси со поддршка.

Фејсбук-статус на Александар Методијев, новинар

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ги славиме Св. Кипријан и девицата Јустина: Ова мора да го знаете!

Денеска е 2 октомври, по стар стил и се слават Св. свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви […]