fbpx

Лила конечно проговори за нарушеното здравје: Претешка година која ме научи ОВА!

Популарната водителка си ја отвори душата

Откако нејзиниот близок пријател, поранешниот естраден новинар Зоран Василевски, на социјалните мрежи откри дека Лила Стојановска има здравствени проблеми и затоа веќе подолго време носи перика, вечерва конечно се огласи и популарната водителка.

На денот кога слави роденден, таа објави неколку фотографии со трогателна порака.

„Вечерва облеков фустан во бела боја.. Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден.. Овој ден е мојот роденден“, напиша Лила на „Фејсбук“.

Следни Објави

Тага до небо, 15 години без Тоше: Споделено ВИДЕО кое ќе ви го скрши срцето!

Пејач со ангелски глас, голем хуманист кој сѐ уште живее во нашите срца преку песните, но и со добрите дела кои ги остави позади себе.. Легендарниот македонски пејач и музичар Тоше Проески загина на денешен ден, 16-ти октомври, пред 15 години. Во своите излагања секогаш повикуваше на добрина и несебичност.. […]