fbpx

Мајка ѝ ја остави во дом, татко ѝ никогаш не ја прифати: Омилената пејачка кај нас има тешка животна приказна

Филмска животна приказна има популарната српска пејачка Весна Џогани.

Кога нејзината мајка Сретена останала бремена, таткото не сакал да го прифати детето, па таа била принудена да го даде во Дом за деца без родители. Наскоро била посвоена од млада брачна двојка.

Она што е особено интересно е тоа што и покрај се’, Весна имала среќно детство и останала во контакт со својата биолошка мајка.

Романсата со популарниот музичар, пејач и танчар Џоле Џогани датира од 2002 година, а славната двојка има две деца, синот Адриан и ќерката Лаура. Од првиот брак, Џоле има уште две деца, ќерките Силвија и Маринела.

Во музичкиот бизнис почнала да се пробива како тинејџерка, прво како танчарка во студиото за танц кое било под менторство на Џоле Џогани и неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ. Кога Џогани се развеле и одлучиле да продолжат самостојно, Весна останала во групата на Џоле. Сосема случајно, во 2001 година била назначена за главен женски вокал во бендот, а останатото веќе ви е познато.

Медиумите во повеќе наврати пишуваа дека Џоле се забавувал со Весна уште додека бил во брак со Слаѓа, но тие ги демантираа ваквите натписи.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Почина популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Калиопи му даде максимална поддршка од судиското столче По долго и тешко боледување, на 68-годишна возраст почина Фарук Кариќ од Мостар, познатиот натпреварувач од шоуто „Никогаш не е доцна“. Тажната вест ја потврди и победникот во шоуто, Ромео Николиќ, кој беше негов долгогодишен пријател. Кариќ често во интервјуата нагласуваше дека […]