fbpx

Тага до небо, 15 години без Тоше: Споделено ВИДЕО кое ќе ви го скрши срцето!

Пејач со ангелски глас, голем хуманист кој сѐ уште живее во нашите срца преку песните, но и со добрите дела кои ги остави позади себе.. Легендарниот македонски пејач и музичар Тоше Проески загина на денешен ден, 16-ти октомври, пред 15 години.

Во своите излагања секогаш повикуваше на добрина и несебичност.. Детали од неговиот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста, а една негова реченица која ја изговори непосредно пред смртта, остана врежана во нашите срца.

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, им порача Тоше на обожавателите.

На социјалните мрежи веќе неколку месеци кружи подзаборавена снимка со легендарниот македонски пејач Тоше Проески. Видеото предизвика лавина коментари, а фановите не ги кријат емоциите.

Истото е снимено 2005 година во Софија, Бугарија, на седенка во една кафеана по успешното снимање на спотот за „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше гаеше посебни чувства кон македонската изворна песна, а оваа интерпретација на „Јовано, Јованке“ е доказ за тоа.

Слава му!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мајка ѝ ја остави во дом, татко ѝ никогаш не ја прифати: Омилената пејачка кај нас има тешка животна приказна

Филмска животна приказна има популарната српска пејачка Весна Џогани. Кога нејзината мајка Сретена останала бремена, таткото не сакал да го прифати детето, па таа била принудена да го даде во Дом за деца без родители. Наскоро била посвоена од млада брачна двојка. Она што е особено интересно е тоа што […]