fbpx

Огромна тага! Почина популарната актерка, ја загуби битката со ракот

Во една од болниците во Истанбул почина познатата турска актерка Билур Калкаван.

Тажната вест ја потврди нејзиниот колега Хамди Алкан на „Инстаграм“. „Толку ми е жал, сега мирно спиј во светлина, моја драга“, напиша тој.

Во меѓувреме се огласи и нејзиниот партнер Бугра Бахадирли со кој делеше и добро и зло цели 13 години. Младиот актер беше постојано со неа додека се лекуваше од рак на белите дробови кој ѝ беше дијагностициран пред шест месеци.

„Третманот помина добро. Но, се зарази со некои габични инфекции и тоа за време на хемотерапијата“, им откри на медиумите.

Според неговите зборови, познатата актерка и водителка морала да биде сместена на интензивна нега бидејќи последните две недели воопшто не можела да јаде. „Не можеше ниту да спие“, вели тој.

Нивната последна средба била мошне трогателна. Таа, наводно веќе полусвесна, накратко ги отворила очите и му порачала да не се грижи и дека никогаш нема да го напушти. „Тоа беше нашиот последен разговор“, раскажа Бугра.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекувано и прерано нè напушти: Македонија тагува по Таковска

Тажна вест синоќа беше споделена на социјалните мрежи Почина д-р Марија Таковска (1973-2022), редовен професор во Економскиот Институт-Скопје. „Последен поздрав на нашата почитувана колешка и професорка која неочекувано и прерано не’ напушти. Економскиот Иститут изгуби професионалец во сферата на образованието и науката, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците, […]