fbpx

Денес е посебен ден: Две работи се забранети, никако не правете ги

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври кога ги славиме светите маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

На овој празник земјоделците посебно треба да внимаваат да не излегуваат со волови на нива, зошто на тој ден не треба да се ора. Се верува дека на тој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни.

Исто така, ако имате градина и одгледувате растенија, денес немојте да се бавите со тоа-одморете!

Преданијата велат дека Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите опинчари, чевлари и со нив прославува, односно празнува. 

Овој ден меѓу православниот свет се смета за природна граница меѓу есента и зимата.

Следни Објави

Се сруши на сцена, публиката виде сè: Познатиот пејач почина среде концерт

Умре Мајкл Бенџамин, човекот кој се прослави под уметничкото име Микабен и кој уживаше огромна популарност во карипските земји. Музичарот кој имаше само 41 година почина среде концерт во француската престолнина, па неговите најверни фанови беа сведоци на трагедијата, пренесуваат светските медиуми. Најверојатно доживеал срцев удар, а организаторите на настапот […]