fbpx

Се сруши на сцена, публиката виде сè: Познатиот пејач почина среде концерт

Умре Мајкл Бенџамин, човекот кој се прослави под уметничкото име Микабен и кој уживаше огромна популарност во карипските земји.

Музичарот кој имаше само 41 година почина среде концерт во француската престолнина, па неговите најверни фанови беа сведоци на трагедијата, пренесуваат светските медиуми.

Најверојатно доживеал срцев удар, а организаторите на настапот објавија на „Твитер“ дека не сакаат да шпекулираат додека не видат што ќе покаже истрагата.

Реномираниот уметник, инаку син на пејачот Лајонел Бенџамин кој се прослави со божиќни рефрени, позади себе остави ќерка, син и сопруга со која очекувал трето дете.

Светска слава, а особено на Хаити, Микабен стекна со хит-нумерата Ou Pati. Беше особено популарен на социјалните мрежи. Неговите обожаватели на „Инстаграм“ каде го следеа преку милион луѓе со трогателни пораки се простуваат од него.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ми замина.. Македонскиот новинар се огласи по подолго време

На седумдесет и двегодишна возраст вчера почина фотографот и снимател Лука Суша. Негови фотографии се објавени на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешна СФРЈ, како „Политика“, „Борба“ и „Базар“, а долги години беше и снимател во А1 телевизија. Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска […]