fbpx

Тага! Шок по ненадејната смрт на Никола, имаше само 25 години

Страшна вест го обиколи регионот

Младиот фудбалер Никола Медан почина на 25 години, јавија медиумите во Република Српска.

Тажната вест ја потврдија и од неговиот матичен клуб Леотар од Требиње.

„Сите во клубот не’ шокираше ненадејната смрт на нашиот Никола и тешко наоѓаме зборови во овие моменти. Првите фудбалски чекори ги направи во нашата школа и преку помладите категории се истакна со бројни голови и награди за најдобар стрелец и играч. За првиот тим на нашиот клуб во периодот од 2015 до 2021 година одигра 103 натпревари во првентството. Постигна 22 гола, а во сезоната кога нашиот клуб го освои последниот трофеј Куп на Република Српска, Никола беше најдобар стрелец“, напишаа од клубот Леотар.

Никола кратко настапуваше и за фудбалскиот клуб Сутјеска Фоча.

„Се молиме за неговите родители и за сестра му. Нека почива во мир“, напишаа неговите соиграчи скршени од болка.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ќерка ми ја спасив во последен миг: Прво се нафрли, потоа не можеше да дише

Мајката прво забележала црвенило на лицето, а потоа ситуацијата драматично се влошила Вистинска драма преживеала Чавана Нојвег со својата шестгодишна ќерка. Таа апелира до родителите да внимаваат какви растенија допираат нивните деца, како што вели, да спречи никој од нив да не го помине хоророт со кој таа се соочила. […]