fbpx

Фустан кој остава без здив: Тамара допатува на „Макфест“ како вистинска дива (ФОТО)

Тамара Тодевска е на листата со изведувачи кои вечерва настапуваат на главната вечер на „Макфест“.

Македонската поп-ѕвезда повторно се врати на сцената на штипскиот фестивал кој годинава е со нов концепт и од ревијален карактер.

Очекувано, Тодевска привлече најмногу внимание на црвениот килим пред Домот на културата „Ацо Шопов“. Црвениот фустан едноставно остава без здив.

Пејаката во градот под Исарот допатува со нејзиниот син.

„Низ годините сама, но на 37. издание на „Макфест“ имам друштво. Мојот Дарен. Се гледаме вечер“, напиша таа под нивната заедничка фотографија на „Инстаграм“.

Уметнички директор на „Макфест“ годинава е Роберт Саздов. Докажаниот автор и музичар претходно објасни дека со укинувањето на натпреварувачкиот дел ќе се обидат да го вратат стариот сјај на фестивалот на кој повторно прифатија да учестуваат низа звучни имиња. Освен Тамара, публиката вечерва ќе ужива и во новите рефрени на Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, „Два бона“, Мартинијан Кириловски.. Нова песна во Штип ќе промовира и некогашниот пејач на групата „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Овој човек не старее: И Лила падна на неговиот шарм (ФОТО)

Роберт Саздов од ,,Куку леле” е новиот уметнички директор на реномираниот фестивал за забавни мелодии ,,Макфест” кој неодамна се одржа во Штип. Тој дојде на местото на Владимир Дојчиновски-Дојчин и воведе значителни промени во концептот на ова 37-то издание на манифестацијата. Докажаниот автор и музичар претходно објасни дека со укинувањето […]