fbpx

Се пожалил на силна болка во градите: Кога лекарите му пикнале камера в грло, имале што да видат

Страното тело му предизвикало отекување на ѕидовите на хранопроводот

Жител на рускиот град Новоросијск се пожалил на силна болка во градите која при голтање на храна била неподнослива. Обично ваква болка укажува на проблеми со срцето или на некој вид внатрешен оток. Сепак, никој не можел да претпостави дека проблемот е во нешто многу побанално од ова.

На пациентот му била направена ендоскопија, по што лекарите откриле дека болки и проблеми со голтање има поради парче пилешко во грлото, пишуваат локалните медиуми.

Компликацијата настанала бидејќи месото не било доволно соџвакано, па цела рскавица му влегла во грлото и му се заглавила. Страното тело му предизвикало отекување на ѕидовите на хранопроводот.

„Оваа појава е многу опасна, ако на време не отидете на лекар. Страниот предмет може да предизвика некроза на ткивата на внатрешните органи и потоа морате комплетно и делумно да ги отстраните“, вели гастроентерологот Глеб Иванов.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Фустан кој остава без здив: Тамара допатува на „Макфест“ како вистинска дива (ФОТО)

Тамара Тодевска е на листата со изведувачи кои вечерва настапуваат на главната вечер на „Макфест“. Македонската поп-ѕвезда повторно се врати на сцената на штипскиот фестивал кој годинава е со нов концепт и од ревијален карактер. Очекувано, Тодевска привлече најмногу внимание на црвениот килим пред Домот на културата „Ацо Шопов“. Црвениот […]