fbpx

Страшно, велат дека е самоубиство! Регионот во шок по смртта на големата шампионка, пред само три дена гостуваше во емисија

Страшни вести пристигнуваат од Босна и Херцеговина.

Денес почина тамошната најуспешна триатлонка, 33-годишната Неира Одобашиќ.

Нејзиното безживотно тело полицијата го пронашла околу еден часот по полноќ. Истрагата е во тек, причината за смртта се’ уште не е позната, но полицијата се сомнева дека извршила самоубиство.

Пред само три дена реномираната спортистка гостуваше во една ТВ-емисија.

Неира беше една од најдобрите триатлонки во регионот. Станува збор за дисциплина во која спортистите се натпреваруваат во пливање, трчање и во возење велосипед.

Последниот голем успех го забележа во Норвешка каде партиципираше на најекстремниот триатлон во светот познат како Norseman. Доби „црна маица“, бидејќи се најде меѓу 160-те најдобри натпреварувачи, успех кој досега го нема постигнато никој од поранешните ју-простори. Таа беше и првата жена од регионот која учествуваше на ова престижно натпреварување.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ги сака цел Балкан, но малкумина знаат дека беа во врска: Кога ќе слушнете зошто раскинале..

Докажаните музички артисти Беби Дол и Масимо Савиќ имале кратка, но интензивна љубовна врска во 80-те години на минатиот век. Живееле на висока нога, а раскинале за глупост, откриваат оние кои знаеле за нивната романса. – Само што се вратив од Египет, на аеродром ми пријдоа некои луѓе да го […]