fbpx

Трагедија! Девојче почина во основно училиште, една работа ги вознемири сите

Голема трагедија денеска се случи во основното училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Звездара.

Во школскиот двор ненадејно почина 14-годишна ученичка. Осмоодделенката била со неколку другарки и се движела кон влезот на училиштето, но наеднаш ѝ се слошило и по неколку секунди паднала на земја, пренесуваат српските медиуми.

Итната помош која била повикана не можела да ја спречи трагедијата и да ѝ помогне. Она што ги вознемири сите е што, според првичните информации, девојчето немало здравствени проблеми.

„Во овие моменти не можам да давам изјави“, кратко се огласила директорката на училиштето.

Врсници на починатата пишуваат трогателни пораки на социјалните мрежи.

„Беше одлична ученичка, тренираше балет. Има постар брат среношколец“, откриваат нејзини соученици.

Истрагата е во тек.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Хорор! Кога си ја видел невестата се шокирал, сега бара и оштета за претрпен стрес

Очајниот сопруг веднаш побарал развод Една двојка од Алжир одлучила да се венча, а нивната свадба била толку необична што завршиле во ударните вести на сите тамошни медиуми уште по првата брачна ноќ. Како што пренесуваат новинските агенции, младоженецот „одлепил“ кога ја видел невестата без шминка, па веднаш побарал развод. […]