fbpx

Ако денеска некому помогнете, ќе ви се врати двојно повеќе: Празнуваме голем светец

Денеска е 16 октомври, по стар стил, и се слави Св. маченик Лонгин.

Има еден важен обичај поврзан со овој ден.

Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат.

Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата. Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението.

Верувања

Сите верници денеска треба да одат во црква, да се молат и да запалат свеќа за здравјето на сите луѓе, а на пат кон дома да му помогнат на првиот што ќе го сретнат.

Преданието вели дека во тој случај овој светител за возврат ќе ги исполни молитвите и ќе даде здравје и благосостојба.

Следни Објави

Барал работа, тие го исмевале: Момче се самоуби откако видеото се прошири, сите се во шок

Трагедија го вознемири регионот М.Д., 22-годишно момче од Лакташи, Република Српска, се самоубило откако, наводно, на социјалните мрежи почнало масовно да се споделува видео на кое тој бара работа на една бензиска пумпа. „Стоп за насилство врз работниците, а на оние кои поради снимката го пратија во гроб можам да […]