fbpx

Барал работа, тие го исмевале: Момче се самоуби откако видеото се прошири, сите се во шок

Трагедија го вознемири регионот

М.Д., 22-годишно момче од Лакташи, Република Српска, се самоубило откако, наводно, на социјалните мрежи почнало масовно да се споделува видео на кое тој бара работа на една бензиска пумпа.

„Стоп за насилство врз работниците, а на оние кои поради снимката го пратија во гроб можам да им порачам само едно-ќе го носите на душа дур сте живи“, стои напишано на фејсбук-групата „Црна листа на работодавци РС“.

Оттаму го споделија статусот кој стана вирален.

„Едно вредно момче само бараше работа, но немаше среќа на тој пат (поради снимката која се споделуваше на социјалните мрежи изврши самоубиство), па одлучи да замине на некое друго, на некое подобро место каде има луѓе… Се надеваме дека на тој пат ги доби своите крила и дека ќе одлета во рајот, повредената детска душа да му се смири.. М.Д. денеска засекогаш замина, а само бараше работа.. Последното што го изговори беше: „Не можам ова да го издржам“. Мирно спиј добро дете, нека те чуваат ангелите“, е трогателната посвета.

Судејќи по коментарите кои луѓето ги оставаат, момчето барало работа на една бензиска пумпа каде било исмејувано. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека точно знаат за кој објект станува збор и дека ја препознале личноста која разговара со момчето.

„Јас ова момче го знам со години. Беше прекрасно дете“.. „Голема тага за семејството, почивај во мир“.. „Навистина е време за атомска бомба“.. се само дел од коментарите.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Помислив и на најлошото: Ламбе конечно проговори зошто го запали бугарскиот клуб

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски кој на 7 јуни лани беше приведен за палењето на влезната врата на бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, конечно проговори за немилиот настан. Повратникот од САД, кој по седум години поминати во Детроит одлучи да се врати во татковината, во интервју за „Нова Македонија“ раскажува […]