fbpx

Нови снимки од Цеца во болница: Фолк-ѕвездата непрепознатлива (ФОТО)

Друга жена

Светлана Ражњатовиќ неодамна отпатува во Истанбул поради оперативен зафат, а српски „Блиц“ сега објави и снимки од фолк-ѕвездата во болница.

Славната Цеца им откри на медиумите дека морала да замине под нож поради здравствени проблеми.

„Докторот ми рече дека операцијата ќе трае шест часа, дека тоа е стандард за ваков тип интервенции. Јас морав да го направам овој зафат, дали сега или за два месеца, едноставно морав. Сакав повторно да се чувствувам добро во сопствената кожа“, раскажа таа.

Со Цеца во Истанбул отпатуваа сестра ѝ Лидија и нејзината ќерка Анастасија. На пејачката ѝ било најважно да ја оперира врвен хирург за да нема видливи последици на кожата, коментираат од нејзината придружба.

Иако опоравувањето трае долго, Цеца за две недели им се вратила на работните обврски.

„По 14 дена од операцијата јас бев качена на бина, иако тоа не ми го препорачаа“, се пофали таа.

Фото: Принтскрин Блиц ТВ

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ако денеска некому помогнете, ќе ви се врати двојно повеќе: Празнуваме голем светец

Денеска е 16 октомври, по стар стил, и се слави Св. маченик Лонгин. Има еден важен обичај поврзан со овој ден. Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради […]