fbpx

Помислив и на најлошото: Ламбе конечно проговори зошто го запали бугарскиот клуб

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски кој на 7 јуни лани беше приведен за палењето на влезната врата на бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, конечно проговори за немилиот настан.

Повратникот од САД, кој по седум години поминати во Детроит одлучи да се врати во татковината, во интервју за „Нова Македонија“ раскажува дека ништо не направил плански, со некоја цел.

„Тоа го сторив поттикнат од моите искрени внатрешни чувства, како да се разгоре огнот што тлееше во мене. Но зад овој настан има и историја, минато. Мојот прадедо од селото Љубојно се викаше Панде Пашариковски, него го убиле бугарските окупатори, а потоа и го обезглавиле. Баба ми, од страната на мајка ми, ми раскажуваше за овој трагичен настан, чиј сведок била со една другарка. Тоа што сум го слушал, уште како дете, предизвика лавина од емоции кај мене. Можеби пресудно беше и тоа што повеќе години со семејството бев во Америка, а кога сте далеку од дома, патриотските чувства растат енормно“, вели Алабаковски.

На врвот од популарноста му се случи голема трагедија: Вака Ламбе го пронајде својот мир

Кога видел дека никој ништо не презема, многу го здоболело, па се одлучил на тој чекор. Вели дека во тој миг не размислувал за последиците и дека можело сѐ да излезе многу полошо.

„Во еден миг си помислив дека ќе има многу полош тек за мене, за семејството, но кога целиот народ ме поддржа, бев трогнат. Но јас не го направив тоа за популарност, апсолутно не. Мислам дека сите го чувствуваат тоа, таа неправда кон македонскиот народ, и дома и од страна на соседите, на меѓународната заедница, што трае многу долго и верувам дека многумина посакуваа некој да реагира. Можеше сѐ да мине со моите иницијали и никој ништо немаше да знае, но, ете, ми го открија идентитетот и тргна лавината“, вели Ламбе за „Нова Македонија“.

Откако го призна делото, Алабаковски беше ослободен и осуден на условна казна затвор во траење од шест месеци која нема да се реализира доколку во следните две години не стори ново кривично дело.

По инцидентот, познатиот пејач не крена глава од работа. Постојано настапува на разни културно-уметнички манифестации, повторно им се врати на свирките, а повратнички настап имаше и на „Макфест“ во Штип.

Следни Објави

Душа убава и чиста: Македонија тагува, почина Ивана

Уште еден живот прерано згасна Тажна вест попладнево се споделува на социјалните мрежи. Колеги и пријатели се простуваат од Ивана. Се огласија и од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ каде што исто така била ангажирана. „Оваа објава е нереална, неприфатлива, неми сме пред оваа загуба. Ивана, душа убава […]