fbpx

Во денешниот нарцисоиден свет, тешко е да се биде наивен, скромен и мил

Отсекогаш постоело исмевањето, и отсекогаш постоел срамот. Тоа не е нешто ново, но она што е ново е придонесот на социјалните мрежи во истото.

Некоја ситуација која порано би ја сведочеле тројца, би ја прошепотиле по „селото“ и би траела 2-3 дена, денес во дел од секундата ја гледаат илјадници, знајни и незнајни луѓе, и тоа трае и останува во интернет просторот.

Ова е Младен Дулиќ, 22 годишен дечко од Лакташи, кој отишол да побара работа на бензинска пумпа. Работникот решил да го снима додека дечкото пополнува „пријава“, а всушност поставувајќи му потсмевачки прашања. Видеото го ставил на „Тик ток“ по што следеле илјадници коментари, навреди и исмевања. Младен, не можејќи да го издржи тоа, си го одзема животот.

Во денешниот нарцисоиден свет, тешко е да се биде наивен, скромен и мил. Нарцисоидниот мајндсет тоа не го простува, туку се слави површниот сјај, суетата, себичноста и бескрупулозноста.

Барал работа, тие го исмевале: Момче се самоуби откако видеото се прошири, сите се во шок

Го пишувам овој пост за да укажам на две нешта:

1. Социјалните мрежи, доколку не се користат одговорно и совесно, се тригер или извор на многу проблеми поврзани со менталното здравје (депресија, анксиозност, анорексија/булимија, и тн). Да бидеме свесни за тоа!

2. Ако заборавиме на емпатијата, поддршката и почитта за хуманите вредности, овој свет ќе стане многу суров за сите нас.

Фејсбук-статус (Мандала-Психолошко катче)

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Синот на славниот актер почина на 26 години: Беше нежна душа која донесе толку среќа..

Кормак Рот, музичар и син на славниот холивудски актер Тим Рот, почина на 26-годишна возраст, јавија британските медиуми. Младото момче се бореше со рак кој му беше дијагностициран во ноември минатата година. Тажната вест ја потврдија и од семејството. „Беше луда, ексцентрична топка енергија. Но, колку што беше див, толку […]