fbpx

Синот на славниот актер почина на 26 години: Беше нежна душа која донесе толку среќа..

Кормак Рот, музичар и син на славниот холивудски актер Тим Рот, почина на 26-годишна возраст, јавија британските медиуми.

Младото момче се бореше со рак кој му беше дијагностициран во ноември минатата година.

Тажната вест ја потврдија и од семејството.

„Беше луда, ексцентрична топка енергија. Но, колку што беше див, толку беше и мил. Нежна душа која донесе толку среќа и надеж за сите околу него. Тагата доаѓа во бранови, како и солзите и насмевките, кога ќе помислиме на нашето прекрасно момче кое го познававме овие 25 години и 10 месеци. Дури неодамна стана маж. Го сакаме. Ќе го носиме во себе каде и да одиме“, стои во официјалната изјава.

Кормак Рот дипломира на Бенингтон колеџ и беше навистина талентиран музичар. Свиреше гитара, компонираше и беше продуцент.

„Ракот ми го одзеде слухот, повеќе од 17 килограми и ќе продолжи на својот убиствен пат додека не успеам да го запрам. Но, не ми ја одзеде желбата за живот и за создавање музика. Се’ уште ме нема скршено“, напиша тој на социјалните мрежи пред неколку месеци.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Естрадата во шок! Познатиот пејач убиен во куглана (ФОТО)

Трагедија го разбранува светскиот шоубизнис Познатиот рапер Тејкоф почина утрово во престрелка во Хјустон, пренесуваат американските медиуми. Најмладиот член на групата „Мигос“ настрадал во инцидент што се случил во два часот по полноќ кога полицијата добила повик дека е застрелан човек во една популарна куглана. Славниот музичар бил во друштво […]