fbpx

Естрадата во шок! Познатиот пејач убиен во куглана (ФОТО)

Трагедија го разбранува светскиот шоубизнис

Познатиот рапер Тејкоф почина утрово во престрелка во Хјустон, пренесуваат американските медиуми.

Најмладиот член на групата „Мигос“ настрадал во инцидент што се случил во два часот по полноќ кога полицијата добила повик дека е застрелан човек во една популарна куглана. Славниот музичар бил во друштво на својот вујко Куаво, исто така член на бендот.

Само неколку часа пред трагедијата, Тејкоф на социјалните мрежи објави селфи од местото на злосторството.

Неговото вистинско име е Киршник Кари Бал. Беше најмлад член на „Мигос“, составот кој се прослави во 2013 година со хитот Versace. Три години подоцна со темата Bad and Boujee успеаја да се искачат на врвот на билбордовата листа.

Групата „Мигос“ во 2018 година настапи на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, а нивниот перформанс беше еден од највпечатливите таа година.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Стефан Богоев стана татко: Детето доби име со моќно значење

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, сподели убава вест на социјалните мрежи. Потпретседателот на владејачката СДСМ стана татко, а синот доби име со моќно значење. „Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus“, во свој стил се пофали Богоев. Оригиналната форма […]