fbpx

Десет години се заедно, но не сакаат брак: Татјана конечно објасни зошто

Познатата презентерка објаснува зошто не ја официјализираат врската

Со Михаил се заедно веќе цела деценија.

Се запознале на одмор во Турција 2012 година каде биле со децата и таа пријателска дружба преминала во врска. По една година почнале заедно и да живеат.

Познатата ТВ-презентерка и поранешна Мис на Македонија во една прилика објасни дека поради одредени околности и прилагодувања, не дошло до официјализирање на врската, но и нагласи дека заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот.

Стојановска во едно интервју раскажа дека она што најмногу ги врзува е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности и грижата за децата.

„Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што нѐ спојува“, раскажа таа за „Женски магазин“.

Фото: Социјални мрежи

Следни Објави

Беше човек со големо срце: Македонија тагува, сите се простуваат од Бојан

Тажна вест споделија администраторите на фејсбук-страницата на „Радио Валандово“. Уште еден живот прерано згасна, не’ напушти Бојан Невеселов, пишуваат тие. „Денес овој свет го напушти и се премести во вечноста нашиот валандовчанец Бојан Невеселов-сопственик на технички преглед „Серво волан“ Валандово. За жал нашиот Бојан не ја издржа најважната битка во […]