fbpx

Лила проговори за најмрачниот период: Ми требаше време да се соземам

Откако им призна на фановите дека позади себе остава една претешка година, Лила Стојановска конечно ги потврди шпекулациите за нарушеното здравје.

Познатата водителка која веќе подолго време носи перика, се’ уште нема директно проговорено на оваа тема, но неодамна на својот роденден истакна оти научила дека секој ден е борба и дека со со добра мисла секој проблем е решлив.

Пред неполни девет години од коанцер почина нејзиниот татко. Болеста му била доцна дијагностицирана во поодмината фаза, иако, како што самата кажа во една прилика, бил дисциплиниран пациент кој редовно одел на лекар.

„Сè се случуваше неочекувано брзо. Кога го изгубивме ми требаше време да се соземам. И денес ми е тешко да зборувам. Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот“, раскажа Лила пред неколку години за „Женски магазин“.

Заштитното лице на телевизиското гејм-шоу „Сè или нешто“ токму пред смртта на татка си вистински почувствувала на своја кожа колку е сурова јавната професија.

„Речиси три месеци од болница одев директно на снимање. Останав насмеана пред камерите и во моментите кога знаев дека веќе ништо нема да биде исто во мојот живот. Пред натпреварувачите во студиото не покажував никаква емоција и секоја епизода од квизот ја одработив професионално до крај. Тоа не го умее секој“.

Лила на завчерашната роденденска прослава на естрадниот магазин „Бекстејџ“ ја доби наградата за трајни вредности.

„Лесно е да го држиш кормилото кога е морето мирно.. Поминав низ многу бури сите овие години, ги преживеав и сега сум посилна. Моето мирно море само нека потрае..“, напиша водителката.

Ј.П.

Фото: Фејсбук/Сител Промо

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Десет години се заедно, но не сакаат брак: Татјана конечно објасни зошто

Познатата презентерка објаснува зошто не ја официјализираат врската Со Михаил се заедно веќе цела деценија. Се запознале на одмор во Турција 2012 година каде биле со децата и таа пријателска дружба преминала во врска. По една година почнале заедно и да живеат. Познатата ТВ-презентерка и поранешна Мис на Македонија во […]