fbpx

Естрадата во шок! Славниот пејач пронајден мртов, имаше само 34 години

Нова трагедија го потресе светскиот шоубизнис

Славниот рапер, актер и музичар Арон Картер почина на 34-годишна возраст.

Проблематичниот помлад брат на Ник Картер од славниот бојбенд „Бекстрит бојс“ е пронајден мртов во када, пренесуваат светските медиуми.

Картер е пронајден без знаци на живот во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија. Полицијата дошла во неговата куќа откако било пријавено дека маж се удавил. Причината за смртта засега не е позната, но од полицијата велат дека немало траги на насилство.

Арон Картер се прослави уште како дете во деведесеттите. Неговите први музички проекти достигнаа милионски тиражи.

Славниот уметник последните години водеше проблематичен живот. Неколкупати беше уапсен за поседување наркотици, а во интервјуата се правдаше дека има сериозни ментални проблеми.

Пред два месеца изјави дека доброволно се пријавил на рехабилитација, но пред само неколку дена беше повторно уапсен поради возење под дејство на алкохол и наркотици.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Голем и тежок празник: За Митровден не правете го ова!

Големиот празник Митровден се празнува на 8-ми ноември. Именден празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра.. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако празникот падне во ден кога се пости. За овој ден постои верување. Во очите на Митровден […]