fbpx

Скенирате сметки? Важна вест за сите, ова ќе мора да го знаете

Директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, и официјално ја потврди убавата вест за македонските граѓани.

Проектот кој почна пред неколку години со цел да се намали сивата економија, сега се модифицира и ќе продолжи да го потхранува семејниот буџет.

Од почетокот на 2023 година граѓаните што скенираат сметки наместо досегашните 1.800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2.100 денари, најави Лукаревска во дневникот на Сител.

„Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од две милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година, ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните, наместо досегашните 1.800 денари“, истакна Лукаревска.

Следни Објави

Трагедија! Загина легендарната пејачка, една работа ги шокира сите

Се прослави на иста сцена со Здравко Чолиќ Почина Никол Жоси, легендарната пејачка од Белгија. Се прослави откако се појави на евровизиската сцена во 1973 година. На истиот „Евросонг“ настапи и Здравко Чолиќ кој со темата „Гори ватра“ и заврши на 15-то место. Никол која беше членка на дуото „Никол […]