fbpx

Голем и тежок празник: За Митровден не правете го ова!

Големиот празник Митровден се празнува на 8-ми ноември. Именден празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра..

На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако празникот падне во ден кога се пости.

За овој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

Затоа за Митровден исто така се верува дека претскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет.

Следни Објави

Почивај во мир, драга наша Биле: Македонија тагува, беше прекрасен човек и врвен професионалец

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата официјална фејсбук-страна сподели тажна вест која вознемири многумина. Почина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска. Колегите ја опишуваат како исклучителен човек и доктор. „Македонија изгуби врвен лекар, професионалец од областа на интерната медицина и пулмологија, но пред се’ прекрасен човек. Научивме многу од […]