fbpx

Имам млада свекрва од 43 години-Не можете да замислите каков пекол е тоа: Дали вакво однесување е нормално?

Исповед на жена која не остави без текст

Имам млада свекрва. Марина има само 43 години. Рано се омажила. Едвај била полнолетна кога го родила маж ми Раде, а година подоцна и неговиот брат Адам.

Таа и мојот свекор имале добар брак, децата растеле во среќно семејство. Веднаш по средното училиште, Марина завршила курс за сметководители и почнала да работи во мала фирма. Денеска е една од подобрите во струката.

Кога Раде имал десет години, неговиот татко доживеал страшна сообраќајна несреќа. Марина останала сама со дечињата. Ги научила да бидат одговорни, самостојни, да завршат школо и да бидат праведни. Кога дошло време да ги прати во гимназија, ги пуштила во странство на школување. Добиле стипендија и таа не морала да се грижи за нив. Барем не од финансиски аспект. Така јас и Раде се запознавме, а набрзо и се венчавме.

И двајцата сме апсолвенти. Марина одлучи да ни ги плати трошоците за свадбата и медениот месец. Продолживме да се слушавме повремено, еднаш месечно колку да споделиме основни информации.

Помладиот брат на Раде живее со мајка му, но Марина не го издржува. Често знае да каже дека нема намера да финансира „стар коњ“.

Ние неодамна добивме ќеркичка. Свекрвата дојде да ни честита, ни донесе пелени, кашички, облека и уште некои ситни работи неопходни за бебе и исчезна. Ни нагласи дека си има свој живот.

За викенди често планинари, вози велосипед, во зиме скија, во лето е на море.. Кога ќе ја побараме да го причува внучето само истото го повторува: „И јас моите сама ги пораснав“. Кога ќе ја замолиме да ни позајми пари за кирија, секогаш го има истиот одговор: „Снајдете се, и мене никој не ми помагаше“.

Моите родители се пензионери, едвај врзуваат крај со крај. Од нив не можам да барам пари, ниту пак да ми го причуваат детето бидејќи се болни. Додека ние се мачиме, Марина цвета. Неодамна ни рече: „Да сакам бебе, ќе се омажам и би си родила едно“.

Се разбира, понекогаш ни дава подароци, но тоа не е доволно. Неодамна сериозно настинав, маж ми ме негуваше, па Марина дојде да го причува внучето на неколку дена. Штом виде дека ми е подобро, веднаш си замина.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Луѓето се во шок: Погледнете што излегува од окото на оваа девојка (ВИДЕО)

Поткожните влакна знаат да бидат многу иритантни, а често предизвикуваат болка и чешање. Се појавуваат на различни делови од телото, а можат да направат и сериозен проблем. На социјалните мрежи масовно почна да се споделува видео на кое експлицитно се гледа отстранување токму на едно такво влакно од окото, а […]