fbpx

Почивај во мир, драга наша Биле: Македонија тагува, беше прекрасен човек и врвен професионалец

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата официјална фејсбук-страна сподели тажна вест која вознемири многумина.

Почина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска.

Колегите ја опишуваат како исклучителен човек и доктор.

„Македонија изгуби врвен лекар, професионалец од областа на интерната медицина и пулмологија, но пред се’ прекрасен човек. Научивме многу од Вас професорке на што ќе Ви бидеме вечно благодарни. Почивајте во мир“, напишаа тие.

Д-р Илиевска Попоска беше омилен доктор меѓу граѓаните. Секогаш излегуваше во пресрет на сите, секогаш со насмевка ќе се поздравеше, коментираат тие.

„Почивај во мир, драга наша Биле. Покрај врвен доктор таа ни беше и прекрасен член на нашата фамилија. Ова е ненадоместлива загуба за сите нас. Биди ангел меѓу ангелите, драга наша“, е само една од емотивните посвети кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имам млада свекрва од 43 години-Не можете да замислите каков пекол е тоа: Дали вакво однесување е нормално?

Исповед на жена која не остави без текст Имам млада свекрва. Марина има само 43 години. Рано се омажила. Едвај била полнолетна кога го родила маж ми Раде, а година подоцна и неговиот брат Адам. Таа и мојот свекор имале добар брак, децата растеле во среќно семејство. Веднаш по средното […]