fbpx

Ја побара за жена по само 40 дена врска: Неочекуван крај на најубавата љубовна приказна

Топ-тема се’ уште е разводот на Тамара Тодевска. Домашната поп-ѕвезда потврди дека се разведува од поранешниот кошаркар Александар Димитровски.

Со популарниот Мачка беше седум години во брак. Двојката има две деца, ќерката Хана и синот Дарен.

„Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив“, изјави Тамара за „Убавина и здравје“.

Тодевска и Димитровски имаат необична љубовна приказна. Во една прилика пејачката раскажа дека седум години биле другари, пред да сфатат дека се родени еден за друг.

„Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас, но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов. Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг. Сѐ во животот си оди по план и знам дека нашата љубов се роди токму тогаш кога требала да се роди. Тој ме запроси само четирисет дена откако станавме пар“, раскажа Тамара пред неколку години за „Женски магазин“.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Пријателите во шок: Игор трагично го загуби животот, имаше само 40 години

Уште еден живот прерано згасна Игор Радивојевиќ трагично го загуби животот. Причината за смртта е епилептичен напад, информираат српските медиуми. Трагедијата се случила во неговиот дом во Лос Анџелес каде пред неколку години заминал за подобра иднина. Сега на социјалните мрежи пријател на братот на Игор апелира за помош, за […]